Иран сака да ја прошири контролата врз Ормускиот Теснец — планира да влезе во териториите на Оман и на Емиратите
Дипломатскиот советник на претседателот на ОАЕ, Анвар Гаргаш, рече дека Иран „се обидува да наметне нова реалност родена од јасен воен пораз, но обидите за контрола врз Ормускиот Теснец или за навлегување во поморскиот суверенитет на ОАЕ не се ништо друго освен парчиња од соништа“.
Иран соопшти дека значително ја проширува зоната околу Ормускиот Теснец врз која тврди дека има воена контрола, во обид да го потврди својот суверенитет врз оваа клучна трговска маршрута, објави „Би-би-си“.
Препорачано
Во карта, објавена од новоформираното иранско „Управно тело за Персискиот Залив и Теснецот“, се тврди дека „иранските вооружени сили вршат надзор“ врз повеќе од 22.000 квадратни километри.
Зоната се протега и во територијалните води на Оман и на Обединетите Арапски Емирати. Дипломатскиот советник на претседателот на ОАЕ, Анвар Гаргаш, рече дека Иран „се обидува да наметне нова реалност родена од јасен воен пораз, но обидите за контрола врз Ормускиот Теснец или за навлегување во поморскиот суверенитет на ОАЕ не се ништо друго освен парчиња од соништа“.
Новото иранско тело додаде дека целиот транзит низ теснецот „бара координација и дозвола од Управното тело за Персискиот Залив и Теснецот“.
САД и нивните сојузници во Заливот повеќепати ги отфрлија иранските обиди да воспостави контрола врз теснецот. САД им порачаа на бродовите да не ги почитуваат иранските правила.
Според Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето, на бродовите им е гарантирано безбедно минување низ водите на друга земја, но Иран не ја ратификувал оваа конвенција.
Медиуми блиски до иранската Револуционерна гарда објавија снимка од наводен напад врз танкер во Ормускиот Теснец, додека, пак, „Би-би-си верифај“ утврди дека пловилото личи на танкерот „Бараках“, претходно погоден од непознати проектили.
Тензиите растат и поради американската блокада на иранските пристаништа: американски маринци се качија на танкерот „Селестијал си“, осомничен дека пловел кон Иран, по што бродот бил пуштен и пренасочен.
Вашингтон соопшти дека досега пренасочил 94 бродови. Во меѓувреме, Трамп го одложи наводно планираниот напад врз Иран по барање на земјите од Заливот, додека траат дипломатските обиди за договор.
Трамп пак се пишмани — го откажа наводниот денешен напад врз Иран


