Репрезентативниот бек Крстевски од Австрија во Романија

фото: фејсбук

Повремениот македонски репрезентативец одлучи да го напушти составот на Линц и ја продолжи кариерата во Романија.

25-годишниот централен бек Горан Крстевски одлучи од следната натпреварувачка сезона да ги брани боите на ЧСМ Фокшани со кој потпиша договор на две години.

Овој клуб до прекинот на првенството во март поради пандемијата на Ковид-19 беше деветтопласиран на табелата.

Го избрав Фокшани, бидејќи слушнав добри зборови за клубот. Сакам да обезбедиме плеј оф со Фокшани и за мене ќе биде задоволство да се игра за ваков добар тим. Се надевам дека ќе дадам важен придонес – се зборовите на Крстевски.

Претходно нашиот играч беше дел уште од екипите на Металург и Еурофарм Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот