Репрезентативецот Ѓуроски прв стрелец во победата на Аликанте

Фото: Sergi Geronès/Bàsquet Girona

Стојан Ѓуроски и неговиот клуб ХЛА Аликанте стигнаа и до својата втора победа на стартот од Леб Оро лигата во Шпанија.

На свој терен убедливо беше совладана екипата на Леида со резултат 82:65, а најголем придонес во освојувањето на бодовите имаше македонскиот репрезентативец.

Ѓуроски беше најдобар стрелец во својот тим, крилото постигна 13 поени (2/6 за три, 3/5 за два и 1/2 за еден поен), а освен тоа имаше и три скока и една освоена топка за 22 минути игра.

После две кола од втората шпанска лига, ХЛА Аликанте има максимални две победи.

Наредниот трет меч во новата сезона ќе го има на домашен терен (30 октомври) против Мајорка Палма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот