Плакат со програмата на фестивалот во Штип

Реномирани гости ќе настапат на вториот Меѓународен фестивал за современа музика во Штип

Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ го најавува второто издание на Меѓународниот фестивал за современа музика, што ќе се одржи од 27 мај до 3 јуни во Штип.

Фестивалот предвидува концерти на многу познати светски имиња од различни држави, а воедно и мастер-класи кои овие врвни уметници ќе ги одржат за студентите од Музичката академија.

– Ова е одлична можност за студентите да се запознаат со врвни уметници од современата музика, а воедно и да договорат идни соработки и проекти заедно со нив. Ова е второ издание на фестивалот, кое треба да ќе прерасне во долгогодишна традиција – истакнуваат од Музичката академија при УГД.

Фестивалот ќе почне на 27 мај со настап на реномираниот чешки кларинетист Карел Дохнал со нашата позната пијанистка Наташа Трбојевиќ. На 28 мај настапува познатата флејтистка од Србија, Ангела Братиќ, со пијанистката Наташа Трбојевиќ, а на 29 мај гостува турската пијанистка Ширин Акбулут Демири заедно со нашата позната пијанистка и професор на Музичката академија, Милица Шкариќ.

Фестивалот ќе заврши на 3 јуни со настап на најдобрите студенти од Музичката академија. Концертите ќе се одржат во Уметничката галерија „Безистен“, со почеток од 19 часот. Влезот е слободен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот