Фото: Screenshot/YouTube

Рекордна акција во Канада пред Мундијалот – запленета фалсификувана фудбалска опрема вредна милиони

Помалку од две недели пред почетокот на Светското првенство, полицијата во Торонто соопшти дека ја спровела најголемата заплена на фалсификувана фудбалска опрема во историјата на Канада.

Во акција изведена во магацин во Мисисага била запленета стока чија вредност се проценува на повеќе од 3,5 милиони канадски долари, односно околу 2,15 милиони евра..

Меѓу одземените предмети се наоѓаат повеќе од 16.000 лажни дресови и знамиња со фалсификувани ознаки на ФИФА, „Најк“, „Адидас“ и „Пума“, како и две реплики на трофејот од Светското првенство.

Полицијата потврди дека во рамки на истрагата биле уапсени две лица, против кои се поднесени соодветни кривични пријави.

Истрагата била покрената по дојава доставена до специјалната единица на Полициската служба на Торонто задолжена за безбедноста за време на Мундијалот. Според истражителите, осомничените наводно снабдувале малопродажни објекти и дејствувале како дистрибутери на фалсификувана спортска опрема.

Торонто ќе биде еден од градовите домаќини на Светското првенство и се очекува да пречека повеќе од 300.000 навивачи од целиот свет. Во канадскиот град ќе се одиграат шест натпревари.

Канадските власти во изминатиот период ги засилија активностите против продажбата на фалсификувани производи, со цел да ги заштитат навивачите и носителите на комерцијалните права за време на еден од најголемите спортски настани во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот