Рекорден топлотен бран во Москва

Оваа недела Москва е погодена од топлотен бран еднаков на рекордот стар 120 години, објави денеска руската метеоролошка служба и предупреди дека тоа е последица на климатските промени, пренесува агенцијата Франс Прес.

Вчера во руската престолнина, температурата била 34,7 степени Целзиусови, според агенцијата Росгидромет, ваква температура била измерена во јуни 1901 година. Во четврток и петок на места се очекуваат температури од над 35 степени Целзиусови.

„Зголемувањето на температурата забележано во Москва овие денови е без преседан во последните 120 години“, рече Марина Макарова, метеоролог од „Росгидромет“.

„Климатските промени на глобално ниво доведуваат до рекордно високи температури во нашиот главен град“, додаде таа. Русија ги следи температурите од 1881 година.

Апсолутниот рекорд, со повеќе од 38 степени Целзиусови, е измерен во јули 2010 година, кога западниот дел на земјата бил погоден од топлотен бран и големи пожари.

Санкт Петербург, кој што се наоѓа на 600 километри северно, исто така овој месец е погоден од топлотен бран од 34 степени, што не го доживеале од 1998 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот