Рекорден профит од речиси 11,4 милијарди евра во првата половина од 2021 година за Фолксваген

Архива

Фолксваген соопшти дека остварил рекорден оперативен профит од речиси 11,4 милијарди евра (13,5 милијарди долари) во првата половина на 2021 година.

Водечкиот европски производител на автомобили посочува дека овој резултат е постигнат „и покрај постојаните предизвици во деловното опкружување”, како што се снабдувањето со чипови, и по загубата од околу 1,5 милијарди евра на почетокот на годината.

Добивката по оданочување е 8,4 милијарди евра, наспроти загубата во истиот период во 2020 година од над 1,0 милијарди евра.

Приходите се зголемија за повеќе од една третина во првите шест месеци, над 130 милијарди евра, а испораките се зголемија за 28 проценти на повеќе од 5,0 милиони возила, по намалената побарувачката предизвикана од пандемијата со Ковид-19, но и по попустите за набавка на електрични возила делумно финансирани од германската држава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот