Реџепи потврди за „Слободен печат“: Го прифаќам предизвикот на Мицевски, ќе гласам против Владата

Пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи потврди за „Слободен печат“ дека го прифаќа предизвикот на координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски, преку нова иницијатива за гласање доверба на Владата на која нема да биде Левица, да гласа да падне Владата на Зоран Заев.

– Начелно го прифаќам предизвикот на Мицевски, утре претседателството на Алтернатива ќе ја донесе конечната одлука – вели Реџепи.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски, денеска јавно го повика Реџепи да избере 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со него ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на СДСМ и ДУИ.

Според Реџепи, најверојатно понудата на Мицевски ќе биде прифатена од Алтернатива, односно ќе се подготви нова иницијатива за гласање на доверба на Владата на која ќе бидат потпишани сите пратеници на Алтернатива и на другите партии кои застанаа зад предлогот, освен Левица.

Реџепи вели дека со ова ќе паднат во вода сите информации дека тој бил “фатен” од ДУИ и од СДСМ. Според него, новата иницијатива ќе докаже дека тој и Алтернатива во ниту еден момент не се колебале дали треба да се гласа за да ја урнат Владата.

Тој објаснува дека ова нема да е пречка собраниската седница за доверба на Владата да се одржи во петок, ден подоцна од првично закажаната за четврток, бидејќи претседателот на Собранието Талат Џафери има рок од три дена за да закаже седница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот