Мицевски го повика Реџепи да не се откажува од иницијативата за гласање недоверба на Владата

Никола Мицевски
Никола Мицевски / Фото: Скриншот, Јутјуб

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска преку објава на својата Фејсбук страница побара неговиот колега пратеникот Скендер Реџепи да не се откажува од договорот за ново парламентарно мнозинство за рушење на Владата.

– Откако во петокот јасно и недвосмислено 61 пратеник се потпишаа на иницијативата за недоверба на владата, хибридниот режим на власта започна со брутална кампања, со многу притисоци, закани и уцени да го гази човечкото достоинство и да го урива кредибилитетот на институцијата македонско Собрание. Колега Скендер Реџепи да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ, пишува Мицевски.

Тој додава дека не треба да му е важно кој се потпишал за изгласување недоверба на Владата, бидејќи вели, поважно е што „со тоа ќе се сруши оваа делегитимирана власт”.

– Да нема изговори зошто се потпишал овој или оној бидејќи ова е гласање против хибридниот режим на СДСМ-ДУИ. Се надевам дека ќе застанете заедно со мнозинството на пратеници и ќе го сочуваме достоинството на пратеникот и угледот на македонското Собрание. Одлуката овој пат е многу поедноставна, овде не се гласа за идеологија, туку вистинското прашање дали ќе дозволиме да продолжи криминалот и корупцијата или заедно ќе ја реформираме нашата заедничка татковина, пишува Мицевски.

Пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи вчера порача дека ако Левица остане на списокот за паѓање на Владата, тој нема да биде дел од него, ниту ќе го поддржи гласањето. Централното раководство на Алтернатива пак по оваа изјава на пратеникот од нивната партија ечерва најави дека ќе донесат одлука по ова прашање најдоцна до среда и дека нивните пратеници ќе бидат единствени каква и таа да биде.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката Ангелинка Петкова се во изолација, но, најавија дека во четврток ќе дојдат во Собрание на седницата по поднесената Иницијативата за изгласување недоверба на Владата и ќе гласаат согласно Протоколот што беше донесен од Комисијата за заразни болести и беше применет во Собранието во април годинава.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот