Италијанската премиерка Мелони испрати воен авион за да спаси бебе хоспитализирано во Британија

Џорџа Мелони / Фото EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Мајчинските инстинкти на италијанската премиерка Џорџа Мелони се разбудиле кога ѝ кажале дека едномесечно бебе со сериозна срцева болест се бори за живот во болница во британскиот национален здравствен систем (NHS) каде што нема соодветен третман.

Мелони ја сфатила работата лично и, како што објави британскиот весник Дејли Мејл, одлучила да изнајми воен авион за да го пренесе новороденчето во болница во италијанската престолнина, каде лекарите би можеле да му го спасат животот.

„Италијанската премиерка Џорџа Мелони лично интервенираше за да се осигура дека новороденчето може безбедно да патува со своето семејство во нејзината татковина со изнајмување на специјално опремен воен авион придружувано од лекари“, коментира релевантното издание.

Доенчето било родено со вродена срцева болест и се лекувало во Кралската детска болница во Бристол, но лекарите ги известиле родителите дека со средствата со кои располагаат нема да можат да го лекуваат.

Забележано е дека вродените срцеви заболувања се создаваат кога срцето или крвните садови околу него не се развиваат нормално пред раѓањето, додека фетусот се уште се формира.

Таткото на малото момче, италијански државјанин, апелираше до Мелони и нејзината влада што поскоро да му помогнат на неговото семејство.

Премиерката на Италија веднаш се мобилизираше на барање на таткото и го презеде авионскиот транспорт на бебето, забрзувајќи ги формалните процедури. По интервенцијата на Мелони, семејството на доенчето пристигнало во вторникот во Рим, пишува Дејли Мејл.

Новороденото машко бебе е префрлено од Болницата во Бристол во детската болница Бамбино Гесу во Рим. Сите трошоци – изнајмување на авионот и превоз на семејството – ги покрива италијанската влада.

Забележано е дека за префрлање на новороденчето со вродено срцево заболување од Британија во друга земја за негово лекување, постоеле законски пречки, бидејќи болницата во Бристол го известила семејството дека не може да ги покрие трошоците за авионскиот превоз. И додека семејството на новороденчето било подготвено да поднесе жалба до Врховниот суд на Британија, Мелони делувала блескаво.

Британскиот напис вели дека едномесечното момче било подложено на двојна операција во педијатриската болница Бамбино Гесу, финансирана од Ватикан.

Во разговор за лондонскиот „Тајмс “, таткото на новороденчето се заблагодари на италијанската влада за помошта.

„Мојата сопруга и јас сме многу среќни и чувствуваме олеснување. Им благодарам на лекарите и медицинските сестри во британската кралска болница во Бристол за нивното непречено овластување и поддршка на неговото семејство во текот на целиот процес, изјави таткото.

Симоне Пилон, италијанската адвокатка која ги застапува родителите, го изрази своето задоволство од љубезната соработка меѓу двете земји со цел да се спаси бебето: „Многу сме среќни што успеавме да и покажеме на Велика Британија дека е можно да се работи заедно и да се префрлат безбедно деца со сериозни медицински состојби од Британија во Рим на специјалистички третман“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот