Нуно Еспирито Сантто/West Ham United

Редок случај во Премиер лигата: Нуно Еспирито Санто во една сезона двапати загуби ист натпревар

Португалскиот тренер Нуно Еспирито Санто оствари ретко виден „подвиг“ во актуелната сезона во англиската Премиер-лига, го загуби истиот натпревар двапати во сезоната, но како тренер на различни тимови. На прв поглед е чудно, но за португалскиот стратег оваа ситуација е реалност.

На почетокот на сезоната Санто беше на клупата на Нотингем форест. Тогаш неговиот тим беше поразен од Вест хем со 3-0, што всушност беше и неговата последна средба на клупата на Форест, по што доби отказ. Половина година подоцна, двата тима се сретнаа повторно. Сега Нуно Еспирито Санто е тренер на Вест хем, но повторно загуби, сега Нотигем славеше победа од 2-1.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Men in Blazers (@meninblazers)

Интересно е што поради лошите резултати и претходно во Вест хем, Португалецот повторно по овој дуел би можел да добие отказ, сега во новиот клуб.

Овој навистина уникатен податок е забележан само еднаш претходно во елитниот фудбал, а тоа се случи на дербито на Јужниот брег со Хари Реднап. Тој во сезоната 2004/2005 прво го водеше Портсмут и загуби од Саутемптон со 2-1, а потоа како тренер на Саутемптон доживеа пораз од Портсмут со 4-1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот