Рецепт за велигденска погача, украс на секоја празнична трпеза

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Aurora Recepti

Велигденската погача ја краси секоја трпеза на денот на најзначајниот христијански празник.
Велигденската погача се обликува во тркалезна или овална топка, но може да биде и во форма на венец, плетенка или наредена на разни начини што по печењето даваат необичен облик, на пример, необичен цвет, во зависност од вештината на тој што ja подготвува.

Заедно со убаво ладно предјадење и главно јадење, велигденската погача ќе биде совршено дополнување на богатиот велигденски ручек. Направете го по наш рецепт и воодушевете ги вашите домашни и гости овој Велигден!

Традиционална велигденска погача – рецепт од готвачот на баба.

Состојки:

– 1 килограм брашно
– 1 коцка свеж квасец (25 грама)
– 3 јајца
– 2 децилитри масло
– 1 децилитар млеко
– 1 кисела павлака
– 1 лажичка сол
– 1 лажица шеќер
– 1 лажица ванилин-шеќер
– рендана кора од еден лимон
– 1 жолчка за премачкување

Подготовка:

Во сад ставете го брашното и направете владбнатина во средината.

Во шуплината (средината) ставете коцка свежо искршен квасец и додадете шеќер. Прелијте со топло млеко (1 децилитар), посипете со малку брашно и оставете го на топло место да се активира квасецот.

Во друг сад измешајте 2 јајца, 1 белка, масло, кисела павлака, сол, ванилин-шеќер и рендана кора од лимон.

Кога ќе се активира квасецот, додадете ја смесата со јајца во садот со брашното и квасецот.

Месете го тестото додека не стане мазно и еластично; не треба да биде ниту премногу меко ниту премногу тврдо. Оставете да кисне на топло место околу еден час.

Кога тестото ќе нарасне и ќе се удвои во волумен, повторно замесете го на набрашнета даска, ако премногу се лепи за прстите.

Потоа, направете округла погача и ставете ја во плех обложен со хартија за печење (кој треба да се подмачка) и оставете да нарасне уште 15-20 минути.

Погачата премачкајте ја со жолчка и печете во рерна загреана на 180 степени Целзиусови околу 40-45 минути, додека не порумени.

Извадете ја погачата од рерната и оставете ја да се излади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот