Рецепт за вафли со цимет, толку вкусни и ароматични!
Вафлите датираат уште од 13 век, а се популаризираат во 18 век кога ги фасцинираат Американците како совршен избор за појадок. Првите вафли излегуваат како производ на новите рачни „тостери“ на еден европски занаетчија, кој ги изработил плочите со карактеристичната текстура. Тоа, всушност, биле две плочи во кои се ставала смеса направена од брашно и вода и со долгите метални рачки се држела директно врз оган, нешто слично на денешните домашни апарати за вафли.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Она што ги прави вафлите поавтентични е тоа што во Европа стануваат толку познати што излегуваат во весник под денешното име „вафли“ во 1735 година, за 49 години подоцна Томас Џеферсон да го пренесе оригиналниот рецепт од Европа во Америка, рецепт за вафлите што се препознатливи и денес.
Состојки:
– 250 г брашно
– 50 г бел шеќер
– 100 г кафеав шеќер
– 2 лажички мелен цимет
– 4 лажички прашок за печиво
– малку сол
– 400 мл млеко
– 100 мл масло
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 2 белки
Подготовка:
Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, циметот, прашокот за печиво и солта. Потоа, во смесата ставете ги млекото, маслото и екстрактот од ванила и добро измешајте. Во друг сад изматете ги белките, потоа додајте ги во смесата и мешајте со дрвена лажица. Загрејте го апаратот за вафли, премачкајте го со малку масло и ставете го тестото. Печете околу две минути, додека тестото не добие златна боја.


