Рецепт за сутлијаш со мирис на ванила, омилениот десерт од детството

Фото: Профимедиа

Сутлијашот е речиси комплетен оброк сам по себе, па може да се јаде и како појадок.

Зборот „сутлијаш“ потекнува од турската кованица „sutlu as“, што значи „млечна супа“ или буквално преведено „млечна храна“. Во западните земји, овој десерт е наречен пудинг од ориз и се прави на речиси ист начин како и сутлијашот.

Состојки:

– 1 шолја од 200 мл исчистен ориз
– 3 шолји од 200 мл млеко
– 3 чаши од 200 мл вода
– 6 лажици шеќер
– 1 лажица екстракт од ванила
– лажиче путер

За украсување: цимет, мелени ореви или домашно слатко

Подготовка:

Во длабоко тенџере ставете ги водата, млекото и шеќерот. Загрејте ги на умерен оган за да се растопи шеќерот. Додајте го оризот и намалете го огнот на најтивко. Покријте го сутлијашот со капак и повремено благо мешајте со дрвена лажица. Варете околу 25-30 минути, додека оризот се згусне. Пред да го исклучите шпоретот, додајте го ванилиниот екстракт и лажиче путер.

Нежно промешајте и покријте го сутлијашот со капак, оставајќи го малку да се излади.

Потоа, сервирајте го во длабоки чинии што претходно сте ги натопиле со малку вода. Украсете со цимет, рендани ореви или со некое слатко по ваш избор.

Уживајте во неповторливиот вкус и арома на сутлијашот!

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот