Рецепт за солени бајадери, ја прават божествена секоја трпеза
Придответе вкусни и ароматични солени бајадери. Овој рецепт е идеален за оние што сакаат вкусно, солено и ефектно јадење што ќе ја воодушеви вашата фамилија и гости.
Препорачано
Состојки:
– 500 грама бело пилешко месо
– 300 грама шунка
– 300 грама кашкавал
– 200 грама маринирани шампињони
– 5 јајца
– 200 грама кисела павлака
– 1 лажичка масло
– 2 лажички брашно
– 10 грама прашок за печиво
– мешавина од зачини
Подготовка:
Во посолена вода сварете го месото посебно, исцадете го од течности, изладете го и ситно исечкајте го. Шунката исечете ја на парчиња, кашкавалот изрендајте го со крупно ренде, а шампињоните исечете ги на тенки листови. Во еден плех за печење со димензија од приближно 30х20cm ставете масло и малку брашно. Вареното и исечкано месо ставете го на дното на садот, ставете шампињони, а преку нив шунка и на крај рендан кашкавал.
Изматете ги јајцата, павлаката, додајте брашно, прашок за пециво и зачини по вкус. Изматената смеса прелијте ја преку содржината во садот. Преку неа ставете алуминиумска фолија. Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути, а потоа тргнете ја фолијата и печете уште 15 минути. Оставете ја да се олади, пожелно во фрижидер, за да можете убаво да ја сечете на парчиња.


