Рецепт за ролат со праз: Уште отсега планирајте го за празничната велигденска трпеза

Фото: Marco Verch / Flickr

Нема ништо поубаво и повкусно од домашен ролат, без разлика дали е приготвен во слатка или во солена варијанта. Иако е далеку празникот, уште отсега можете да го планирате менито за празничната велигденска трпеза – ролат со праз. Ролат со посебна арома и вкус.

Состојки:
За тесто:

– 500 грама брашно

– 2 лажици масло

– 1 лажичка сол

– половина лажичка шеќер

– 1 лажичка сув квасец

– 250 милилитри млака вода

– 250 грама маргарин

За фил:

– 3 стебленца праз

– зачини по желба

Подготовка:

Во подлабок сад измешајте ги сите суви состојки како што се брашното, солта, квасецот и шеќерот. Потоа во друг сад измешајте го маслото со млаката вода. На крај, сипете го маслото и водата во садот со суви состојки и убаво измешајте ги.

Убаво измесете ги сите состојки. Добиеното тесто оставете го да стаса околу еден час. Додека чекате да помине потребното време, ситно исечкајте го празот и кратко пропржете го. Пржете додека не испари водата што се наоѓа во неговиот состав.

Откако тестото ќе стаса, поделете го на три дела. Секој дел развлечете го во кора. Секоја од добиените кори, филувајте ја со испржениот праз.

Трите кори завиткајте ги во форма на ролат. Ставете ги во тепсија за печење и премачкајте ги одозгора со масло. Веќе подготвените кори, оставете ги да стасаат уште еден час.

Откако ќе помине потребното време, печете ги во претходно загреана рерна на температура од 200 степени околу 40 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот