Рецепт за превкусни пролетни ролнички со зеленчук: Одлично одат со убав сос

Фото: Rawpixel

Пролетните ролнички со зеленчук се одлична и здрава храна. Одличен деликатес што брзо и лесно се подготвува како главно јадење или вкусен прилог на разни специјалитети.

Можете да ги послужите за ужина, појадок или вечера, за некоја прослава или за обично дружење со пријателите…

Состојки:

– 1 пакување тенки кори
– 100 грама моркови
– 100 грама свежа зелка
– 100 грама целер
– 100 грама тиквички
– сол, бибер
– малку соја сос
– масло
– по желба семки од тиква, сончоглед, лен…

Подготовка:

1. Зеленчукот можете, по желба, да го исечете на стапчиња или да го изрендате.

2. Раширете ги корите и филувајте ги. Зачинете го зеленчукот со сол и бибер, додајте семки по избор, сè попрскајте со малку соја сос и завиткајте во ролнички (треба да бидат 5 x 1,5 см).

3. Пржете ги на масло додека не поруменат.

4. Послужете ги веднаш додека се топли со некој убав сос по избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот