Рецепт за потпечен модар патлиџан со моцарела: Совршено, а сепак толку едноставно

Фото: Pexels/ Melanie Dompierre

Со доаѓањето на топлото време, бараме едноставни и вкусни јадења составени од свеж зеленчук и овошје. Заедно со тиквичките, модрите патлиџани се издвојуваат како одличен избор за кулинарски експерименти. Модрите патлиџаните се исклучително флексибилна намирница, која може да се користи за подготовка на различни сосови и намази, да се додадат во супи и чорби и да се печат на скара.

Модрите патлиџани на скара одлично ќе се комбинираат со сирење и домати, со додавање на квалитетно маслиново масло и некои од омилените билки.

Состојки:

-2 поголеми модри патлиџани
-300 гр моцарела
-150 гр чери-домати
-1 лук
-маслиново масло
-сол и бибер по желба
-свежи листови босилок или други билки

Подготовка:

Загрејте ја грил-тавата или запалете ја скарата. Измијте ги модрите патлиџани и исечете ги по должина на парчиња со дебелина од околу 2,5 сантиметри. Премачкајте ги со маслиново масло и зачинете со сол и бибер. Печете ги модрите патлиџани на грил-тава или на скара, околу 4 до 5 минути од секоја страна. Префрлете ги во чинија.

На истата грил-тава или скара, испржете го лукот, кој претходно сте го исечкале на помали парчиња, и зачиниле со маслиново масло и сол и бибер.

Врз модрите патлиџани, додадете ја моцарелата, лукот и исечканите чери домати. Сето заедно прелијте го со уште малку маслиново масло.

Ставете сè заедно во рерна, загреана на 200 Целзиусови степени и печете додека  моцарелата не се растопи и порумени.
Послужете како предјадење или прилог со свеж босилок или други свежи билки по желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот