Рецепт за потаж од тиквички: Ќе ви го наполни телото со енергија
По оптоварување на телото со силна, мрсна храна, потребно е да консумираме полесни јадења за да го доведеме во рамнотежа. Особено во лето, кога и се препорачува да се јаде полесна храна.
Препорачано
Еден од најдобрите начини за тоа се и супите, чорбите и потажите.
Зборот потаж потекнува од францускиот збор potage (pottage), што во превод значи густа супа, чорба од различен зеленчук со додатоци од тесто. Тоа е француско јадење со многу видови зелен, но и друг зеленчук.
Состојки:
– 2 поголеми тиквички
– 1 главица кромид
– 2 чешниња лук
– 1 морков
– 1 компир
– 1 лажица маслиново масло
– малку павлака за готвење
Подготовка:
Излупете ги тиквичките и исечете ги на помали парчиња, истото направете го и со морковот, кромидот и компирот, па ставете ги во тенџере да се варат заедно.
И да не бидат сосема меки и варени, штом ќе почне да вријат може да ги извадите од тенџерето и да ги ставите настрана да се изладат. Кога ќе се изладат, ставете ги во блендер со малку вода и изблендирајте.
Така изблендираниот зеленчук вратете го во водата во тенџерето и оставете да зоврие. Кога ќе почне да врие, сипете павлака за готвење онолку колку што сакате да биде густ потажот.
Исклучете ја ринглата и може да послужите.
Пријатно!


