Рецепт за посни топчиња од банана и овесни снегулки
Посните топчиња од банани и овесни снегулки се одлични за постење и за диета, бидејќи нема потреба да додавате шеќер во нив, со оглед на тоа што зрелите банани се доволно слатки. Исто така, за дополнителен сладок вкус и ароматичен шмек се додава и малку чисто темно чоколадо.
Препорачано
Состојки:
– 2 многу зрели банани, испасирани
– 130 грама овесни снегулки
– 40 грама искршено темно чоколадо
– 1/2 лажичка цимет
– 1/2 до 1 лажичка екстракт од ванила
– 1/4 шолја исечкан кокос
– 1/4 шолја сечкани ореви
– 1/4 шолја суво овошје
Подготовка:
За да ги подготвите посните топчиња од банана и овесна каша, загрејте ја рерната на 176 степени Целзиусови. Обложете го плехот со хартија за печење.
Во сад со средна големина, изгмечете ги бананите до прилично мазна конзистентност. Додајте ги овесните снегулки и добро измешајте. Додадете ги чоколадните парчиња, повторно измешајте.
Ако смесата е навистина влажна, додајте уште неколку лажици овесни снегулки.
Со лажица вадете малку од смесата, обликувајте топчиња и редете ги во плехот за печење.
Ставете го плехот со топчињата во рерна, на средната решетка и печете 15-20 минути. Извадете ги од рерната, оставете да се изладат неколку минути пред јадење. Уживајте во посните топчиња од банана и овесни снегулки!
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
42мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


