Рецепт за посни бајадери, готови за 20 минути

Фото: Профимедиа

Празничниот период се приближува, па знаеме дека ве очекува тешка задача за да ја подготвите новогодишната и божиќната трпеза. Без паника, барем што се однесува до десертот, затоа што за само 20 минути ќе го добиете и најубавиот десерт. Изненадете ги гостите со наједноставните, но и највкусните бајадери. Без печење и миксер, брзо и лесно!

Сè што ви е потребно за овој десерт е:

Состојки:

– 2 дл вода
– 550 г шеќер
– 300 г мелени ореви
– 300 г мелени бисквити
– 250 г путер
– 100 г чоколадо за готвење

За глазура:

– 150 г чоколадо за готвење
– 2 мали лажички масло

Подготовка:

Во тенџере ставете ги водата и шеќерот додека да се загреат и додека шеќерот потполно да се растопи на тивок оган. Потоа во тоа додадете го и путерот за да се стопи. Кога путерот потполно ќе се стопи, додадете ги оревите и мелените бисквити, постојано мешајќи додека да добиете изедначена смеса.

Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела.

Во првиот дел од смесата додадете го чоколадото кое претходно сте го растопиле на пареа, а во вториот дел може да додадете малку рум по желба.

Во друг сад ставете хартија за печење и потоа префрлете го првиот дел од смесата (оној со чоколадо) а горниот дел измазнете го со нож. На ист начин ставете ја и другата смеса врз првиот слој.

Остатокот од чокладото стопете го на пареа и во него додадете малку масло за да направите глазура а потоа и прелијте ја бајадерата.

Бајадерата ставете ја во фрижидер за убаво да се стегне и сервирајте ја веќе следниот ден.

Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот