Супа од грашок/Фото: Zoonar/{Ihr Name}, Zoonar GmbH / Alamy / Profimedia

Рецепт за посна супа од грашок: Ќе стане ваше ново омилено јадење

Во текот на божиќниот пост, многумина имаат проблем бидејќи им снемува идеја за ручек. Факт е дека посната храна може да биде навистина вкусна.

Ако сакате да внесете нешто ново во вашата исхрана, ви ја препорачуваме оваа супа од грашок. Ќе стане вашата нова омилена храна и ќе се сетите да ја подготвувате и кога ќе прекинат постите.

Состојки:

– 1 лажица маслиново масло
– 1 чешне лук, сечкано
– ½ кромид, сечкан
– 200 грама грашок (замрзнат)
– 2 компири
– 300 мл бујон од зеленчук
– сол и црн пипер
– лист од нане, за декорација

Подготовка:

Загрејте го маслото во тенџере на средна температура. Додајте ги кромидот и лукот и пржете 3-4 минути додека не омекнат. Додајте го замрзнатиот грашок, компирот и бујонот од зеленчук и оставете да зоврие. Намалете ја температурата и оставете да врие десетина минути. Откако ќе се свари, смесата ставете ја во блендер доколку сакате да добиете кремаста форма.
Зачинете по вкус и послужете во топол сад.
На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот