Рецепт за посна лења пита со јаболка: Единствен вкус на омилениот старински деликатес

Фото: Профимедиа

Во минатото не можеше да се замисли ниту еден неделен ручек без домашни колачи, а често на масата имаше токму лења пита со јаболка. Лења пита е старински деликатес кој се подготвува од евтини состојки, а има фантастичен вкус. Доколку го почитувате велигденскиот пост, ви го пренесуваме совршениот рецепт за лења пита со јаболка што можете да ја јадете и кога постите на вода.

Состојки:

– 400 г брашно
– 400 г гриз
– 200 г шеќер
– 1 прашок за печиво

За филот:

– 1,5 кг јаболка
– 200 г шеќер
– 1 лажичка цимет
– 1 ванилин шеќер
– 1 портокал

Подготовка:

Измешајте го просеаното брашно, гризот, шеќерот и прашокот за печиво, па сè убаво измешајте. Смесата поделете ја на 3 еднакви делови.

Јаболката излупете ги, изрендајте ги, па додајте цимет, ванилин шеќер и кора од портокал.

Еден дел од смесата сипете го во тепсијата, па израмнета ја. Потоа, сипете половина од филот, па другиот дел од смесата. Потоа, наредете го преостанатиот фил со јаболката, па посипете со последниот дел од смесата. Покријте со фолија и оставете да отстои околу 10 минути.

Лењата пита печете ја во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Посипете со шеќер во прав, па покријте и оставете да отстои до следниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот