Рецепт за посна гибаница, еднакво вкусна како и мрсната

Фото: Профимедиа

Гибаница е една од најпознатите пити која се прави од кори, а е прелиена со јајца, јогурт и сирење. Бидејќи велигденските пости се во тек, нема потреба да се откажувате од омилената храна, туку направете ја во посна варијанта. Тоа ќе го направите така што јајцата ќе ги замените со мешавина од ленено семе и вода, а јогуртот со посна кисела павлака, додека сирењето ќе го замените со посно фета сирење.

Вака подготвената гибаница е исто толку вкусна како и мрсната и не бара многу труд и време. Задолжително пробајте го овој рецепт!

Состојки:

– 500 грама готови кори
– 500 грама посно фета сирење
– 2 посни кисели павлаки (мали)
– 1 шолја кисела вода
– 3 лажици мелен лен
– 7,5 чаши вода
– 2 лажички прашок за пециво
– 1/2 чаша масло
– 1 лажичка сол

Подготовка:

Во сад измешајте кисела павлака, кисела вода, прашок за печиво, сол и издробено фета сирење. Во друг сад измешајте мелен лен и вода (тоа е замена за јајца) и убаво измешајте. Додајте во смесата и повторно сè заедно убаво измешајте.

Намачкајте ја тавата со масло, па секоја кора потопете ја во смесата и згужвајте ја, па наредете ја во тавата. Прелијте ја со преостанатиот фил.

Гибаницата печете ја во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Пријатно!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот