Рецепт за печен зеленчук со јајца и сирење: Повкусна комбинација не сте пробале!
Едноставните јадења што брзо се подготвуваат се одличен предлог за лесен ручек. Пазарите изобилуваат со разновиден зеленчук, па затоа наш предлог за денеска е да направите печен зеленчук прелиен со јајца и сирење. Вака подготвениот зеленчук не само што е вкусен и ќе го сака целото семејство, туку лесно и брзо се подготвува, а и заситува.
Препорачано
Состојки:
– 1-2 тиквички
– 1 кромид
– 1-2 моркови
– 150 г чери домати
– сол, бибер, мелена црвена пиперка
– 5 јајца
– 150 милилитри павлака за готвење
– 80 грама брашно
– 150 грама сирење
Подготовка:
Тиквичките исечкајте ги на кругови, па наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Зачинете со сол, бибер и посипете со мелен црвен пипер. Печете на 180 степени, околу 10 минути.
Потоа во тава испржете ги крупно исечканите кромид и морков на кругчиња. Во огноотпорен сад наредете ги печените тиквички и испржениот кромид со моркови, наредете ги и чери доматите исечени на половина, па прелијте со јајца кои сте ги изматиле со павлаката за готвење и брашното.
Печете во рерна на 180 степени, околу 20 минути.
Пред крајот посипете со рендано сирење и печете додека не се растопи.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


