Фото: Pexels/Rachel Claire

Рецепт за омлет со спанаќ и фета-сирење во тортилја: Појадок што закрепнува и заситува

Оваа тортилја е идеална за напорните утра, но и за подоцнежните оброци, бидејќи е брза, здрава и целосно приспособлива според вашите желби.

За омлетот од спанаќ и фета во тортилја потребни ви се следниве состојки:

– 2 јајца
– 1 шолја свеж спанаќ (може и да се замрзнат)
– 50 г фета-сирење
– 1 лажичка маслиново масло или путер
– 1 тортилја од цело зрно
– сол и црн пипер по вкус

Подготовка:

Прво, во тава, загрејте го маслиновото масло или путерот на средна топлина. Додајте свеж спанаќ и пржете кратко додека омекне (околу 2-3 минути). Во меѓувреме, во еден сад изматете ги јајцата со малку сол и црн пипер.
Кога спанаќот ќе биде готов, сипете ги изматените јајца во тавата и пржете ги на средно тивок оган, околу 3-4 минути. Додајте го издробеното фета-сирење и убаво измешајте.

Ставете ја тортилјата на тавче и загрејте ја кратко од двете страни (околу 1 минута). Приготвената смеса со јајца, спанаќ и фета-сирење ставете ја врз загреана тортилја, завиткајте ја во ролна и пресечете ја на половина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот