Рецепт за мермерен куглоф со ореви и суво грозје: Совршен зимски колач
Во овие студени денови, потребата од нешто слатко е поголема. Желбата за слатко ќе ја задоволи овој куглоф збогатен со ореви и суво грозје. Ренданата кора од лимон му дава посебна арома, а јатките побогат вкус. Времето за подготовка трае помалку од 20 минути, но печењето во посебен калап бара повеќе време. Крајниот резултат е неверојатно мек колач со уникатен вкус.
Препорачано
Состојки:
– 4 јајца
– 100 г шеќер
– 70 мл маслиново масло
– 200 г кисела павлака или јогурт
– 200 г брашно
– 50 мл млеко
– рендана кора од лимон
– 100 г чоколадо за готвење
– 50 г сечкани ореви
– 50 г суво грозје
– ќесичка прашок за печиво
Подготовка:
Белките се матат со шеќер, жолчките се матат со павлаката и се просејува брашното со прашокот за печиво. Додајте масло, сечкани ореви, рендан лимон, млеко и сè измешајте. Поделете на два дела, едниот дел треба да биде малку помал. Во помалиот дел додадете го растопеното чоколадо и измешајте.
Куглофот премачкајте го со масло и посипете го со брашно. Наизменично сипете го светлиот и чоколадниот дел и потоа малку протресете го куглофот.
Печете на 180 степени, околу 50 минути. Кога колачот ќе се излади, може да украсите со шеќер во прав, по желба.
Добар апетит!


