Рецепт за мармалад од модри сливи со ванила, цимет и рум
Неодоливото виолетово овошје е длабоко вкоренето во душата и гастрономијата на Македонија. Сливата, поради својот богат вкус и повеќекратните корисни вредности, е многу повеќе од обично овошје. Таа е еден од симболите на македонската традиција и гостопримство.
Препорачано
Домашните обичаи поврзани со сливите траат со векови. Вкусниот, домашен мармалад од сливи, полн со сладост и арома, го крие духот на македонската традиција и топлината на домот.
Нашата прва асоцијација на мармаладот од сливи е оној на нашите баба. Дури и сега можеме да го почувствуваме тој прекрасен мирис што се ширеше низ кујната додека тие го правеле.

Состојки:
– 8 кг модри сливи
– 2 кг шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 300 мл јаболков оцет
– 100 мл рум
– 1 пакување цимет
Подготовка:
Измијте ги и исчистете ги модрите сливи од семките. Потоа, во подлабоко тенџере ставајте ред сливи, ред шеќер. Оставете така да отстојат најмалку 24 часа за да може сливата да пушти доволно сок.
Откако ќе поминат 24 часа, тенџерето со сливите и со шеќерот ставете го на оган и започнете со подготовката на мармаладот.
Сливите ќе пуштат доволно течност, но вие, за да не ви загори мармаладот, потребно е повремено да мешате. Откако ќе помине половина од потребното време за подготовка на мармаладот, додајте ги и другите состојки и продолжете со мешање.
Кога ќе забележите дека мармаладот е доволно густ, тргнете го тенџерето од оган и ставете го мармаладот во претходно загреани тегли.


