Пита со зелка/Фото: Sergii Telesh / Alamy / Alamy / Profimedia

Рецепт за мали посни пити со зелка со готови кори: Едноставно со уникатен вкус!

Зелката е вкусен зеленчук одличен како фил за посна пита со готови кори. Секако, доколку имате време, волја и знаење самите да ги развлечете корите, питата секако ќе биде подобра, но и оваа, подготвена со купени кори не заостанува по вкус.

А најважно од сè, оваа пита може да ја направат и почетници во кујната.

Состојки:

– 500 грама готови кори за пита
– 1 кг зелка
– 300 мл вода
– 100 мл масло
– ќесичка мелен бибер
– малку сув билен зачин

Подготовка:

Изрендајте ја зелката, исцедете ја, па префрлете ја во тенџере во кое сте сипале малку масло. На средно силен оган динстајте ја зелката додека не омекне и повремено додавајте вода. Кога зелката целосно ќе омекне, додајте мелен пипер и малку суви билни зачини, промешајте и тргнете го тенџерето од оган за да се излади зелката.

Тепсијата во која ќе ја печете питата, премачкајте ја со масло или обложете ја со хартија за печење.

На работната површина ставете две кори, попрскајте ги со масло, ставете малку фил од динстаната зелка, па свиткајте ги. На ист начин потрошете ги сите кори и целата зелка. Секоја пита попрскајте ја со масло.

Загрејте ја рерната на 180 степени, па ставете ја тепсијата со питите да се печат додека кората не порумени.

Послужете топло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот