Рецепт за лења пита со јаболка: Почувствувајте го мирисот на старински колач

Лења пита е една од омилените старински колачи што многу едноставно се прави, а е и евтина со оглед на тоа што повеќето намирници што се потребни за овој колач веќе ги имате дома.
Состојки:
– 2 јајца
– 1 шолја јогурт (или млеко)
– 1 ќесичка ванилин шеќер
– половина чаша масло
– 2 и пол чаши брашно
– 1 ќесичка прашок за печиво
– рендана кора од еден лимон
За филот:
– 1 килограм јаболка, цимет + 3-4 лажици шеќер
Подготовка:
Јаболката прво излупете ги и изрендајте ги, па заедно со шеќерот и циметот издинстајте ги за да се ослободи од вишокот вода. Додека јаболката се динстаат, изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додајте ги јогуртот, маслото, брашното и прашокот за печиво. Изматете ја смесата со миксер, па додадете ја ренданата кора од еден лимон. Пред да го изрендате лимонот, потребно е добро да го измиете и да го избришете со сува крпа.
Намачкајте го со масло плехот за печење со големина 34×21, односно средна големина, па посипете го со малку брашно и протресете. Најпрво сипете половина од смесата и ставете во веќе загреана рерна, па печете десетина минути на 180 степени. Потоа, отстранете ја кората, па врз неа ставете ги динстаните јаболка што се изладиле. Јаболката израмнете ги со шпатула, па прелијте ги со другата половина од филот. Сè израмнете со шпатула и вратете во рерна, па печете додека питата убаво не порумени. Доволно е да се пече уште 20 минути.