Рецепт за колач што не дебелее: Десерт што можете да го јадете колку што сакате
Чоколадниот колач без шеќер и брашно можете да го јадете дури и кога сте на диета.
Препорачано
Ако не можете да се откажете од слатките, но сакате да се храните здраво, ви го откриваме идеалниот рецепт. Овој колач ќе го сакаат сите љубители на чоколадните задоволства, а најдоброто од сè е што не дебелее и можете да го јадете без да ве гризе совеста.
Оваа торта не содржи шеќер и брашно, туку само здрави состојки, па затоа е одлична алтернатива за сите што поради исхраната избегнуваат слатки. Млекото можете да го замените со растително и наместо обично чоколадо – да употребите чоколадо без шеќер.
Доколку шеќерот, солта и белото брашно се избришани од вашата листа на намирници или ако сте на одредена диета, овој деликатес е вистинското решение.
Лесно се прави, а ќе добиете сè што сте посакале.
Состојки:
– 2 јајца
– 2 банани
– 2 лажици какао
– 10 г прашок за печиво
– 70 г темно чоколадо
– 30-50 мл млеко
Подготовка:
Измешајте зрели банани, јајца и какао. Смесата стевете ја во блендер или изматете ја со миксер. Сипете ја смесата во плех и печете на 180 степени околу 25 минути.
Изладениот колач прелијте го со темно чоколадо растопено во малку млеко. Јадете го топол или изладен во фрижидер.


