Фото: Shameel mukkath / Pexels

Рецепт за фритата – италијанска верзија на омлет

Фритата, италијанска верзија на омлет, се прави со зеленчук и е идеален избор за хранливо богат утрински оброк.

За разлика од обичниот омлет, во фритатата се додава многу свеж зеленчук. Се подготвува брзо и лесно, а гарантира добар почеток на денот.

Состојки:

– 5 јајца
– 1 пиперка
– 1 морков
– 1 стебло праз
– 1 домат
– 200 грама спанаќ
– магдонос
– сол, бибер, масло

Подготовка:

При подготовка на фритата, најпрво на загреано масло се пржи кромидот. Зеленчукот се сече на мали коцки.

Во изматените јајца се додаваат сечканиот зеленчук, спанаќот, солта и биберот.

Во загреаната тава се сипува целата смеса. Тавата се покрива со капак и се пржи околу пет минути. Потоа фритатата се става во рерна загреана на 200 степени и се запекува.

Кога фритатата ќе биде готова, се сече на триаголници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот