Рецепт за џем од сланина, слатко-солен деликатес како прилог на многу јадења

Фото: Wikimedia Commons

Џемот од сланина во последниве години стекна голема популарност. Се користи како слатко-солен зачин со многу јадења. Иако тој самиот нема долга историја, ќе збогати и бројни традиционални јадења од различни светски кујни.

Благодарение на тоа што одлично оди со широк спектар на јадења, сè почесто го среќаваме во модерните рецепти. Можете лесно да го подготвите и сами, а само вашата фантазија е граница за сите комбинации и јадења кои ќе го подобрат неговиот посебен слатко-солен вкус.

Освежен со јаболков оцет и домати, а сепак со доволна слаткост, која ја дава карамелизираниот кромид и блага пикантност, овој џем ќе ги задоволи и најпребирливите непца и ќе ги оживее дури и најздодевните јадења.

За почеток, пробајте го со тост и јајце, во сендвичи со сирење, плескавици или со крекери и козјо сирење. Џемот од сланина може да се чува во фрижидер до две недели во херметички затворена тегла.

Состојки:

– 340 г сланина, исечкана на коцки (околу половина сантиметар по страна)
– 1 поголем кромид, ситно сечкан
– 3 чешниња лук, мелено
– 1 пиперка халапено, преполовена, со семки и мелена
– сол
– бибер
– 50 грама кафеав шеќер
– 50 мл јаболков оцет
– 1 среден домат, излупен и исечкан на коцки со големина на коцките сланина
– 2 лажици густ сос од домати

Фото: Rebecca Siegel/ Flickr

Подготовка:

Во тава со средна големина, пропржете ја сланината на умерен оган, мешајќи повремено, додека не стане крцкава, околу 11 минути.

Извадете го вишокот маснотии, оставајќи само колку да го покрие дното.

Во садот во кој сте ја свариле сланината додадете ги кромидот, лукот и пиперката халапено и зачинете со сол и бибер. Динстајте на умерен оган, повремено мешајќи, додека кромидот не омекне, околу 12 минути.

Промешајте го кафеавиот шеќер и кога кромидот ќе почне да се карамелизира (ќе му треба околу 8 минути), додадете го оцетот и варете додека малку не се редуцира, 2 до 3 минути.

Додадете ја пржената сланина, доматите и сосот од домати, делумно покријте и варете на тивок оган, повремено мешајќи додека не се формира густ џем, околу 45 минути. Додадете сол и бибер по вкус.

Префрлете го џемот од сланина во тегла и оставете го целосно да се излади пред да го затворите со капак.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот