Рецепт за домашен кечап без адитиви и конзерванси, 100 отсто природен
Кечапот е еден од најпопуларните сосови и без него не можат да се замислат повеќето од денешните јадења. Овој додаток на јадењата можете да го користите со помфрит, плескавици, чорби, тестенини… а многумина го додаваат во одредени сосови за да го подобрат нивниот вкус.
Препорачано
Кечапот го сакаат сите генерации, затоа заменете го оној купен од продавница со поздрава домашна варијанта. Доматот, кој е главната состојка на кечапот, е извор на големо количество ликопен (растителен пигмент што на зеленчукот му ја дава црвената боја и е многу моќен антиоксидант), па затоа е и здрав.
Доколку не сте знаеле, домашниот кечап е посен, па можете да го консумирате во секое време.
Состојки:
– 2 конзерви сечкани домати – пелат
– 1/2 шолја вода
– 2/3 шолја шеќер
– 3/4 шолја оцет
– 1 лажичка кромид во прав
– 1/2 лажичка лук во прав
– 1/3 лажичка сенф во прав
– сол и црн пипер
– 1 цело каранфилче
Подготовка:
Сипете го пелатот во тенџерето, па водата сипете ја во конзервата, а потоа оттаму во тенџерето. Посолете, зачинете, па додајте шеќер, оцет, кромид и лук, како и сенф и каранфилче. Сè добро измешајте, па варете непокриено подолго време. Мешајте одвреме-навреме, а потоа изблендирајте ја добиената смеса. Смесата процедете ја низ сито (цедилка) и сипете ја во сад. Оставете да се излади и уживајте во вкусот на домашниот кечап.


