Рецепт за брз колач од гриз и џем, готов за помалку од 20 минути

Фото: Профимедиа

Ви го донесуваме најдобриот рецепт за брз колач со гриз и џем, готов за помалку од 20 минути.

Состојки:

– 3 јајца
– 1 шолја шеќер
– 1 шолја гриз
– 1 шолја џем
– 1 шолја брашно
– 1 шолја масло
– 1 шолја млеко
– 1 прашок за печиво
– 1 ванилин шеќер

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, додајте ги другите состојки и сѐ измешајте (не е потребен миксер).

Тепсијата подмачкајте ја со масло и посипете ја со брашно, па сипете го изматеното тесто.

Големината на тепсијата може да биде помала или поголема, зависи од тоа колку сакате да биде висок колачот. Исто така и џемот може да биде по ваш избор, доколку користите кајсија, ќе имате посветол колач и поинаков вкус. Можете да го пробате и со домашен џем од јагоди.

Колачот печете го во рерна загреана на 200 степени околу 25 минути. Убаво е кога се јаде топол, иако мекоста ќе ја задржи и по два дена.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот