Рецепт за бели бајадери: Необичниот деликатес ќе ве освои од прва

Фото: Wikimedia Commons

Бајадерите отсекогаш биле едни од омилените колачи во нашите краишта и еден од незаменливите деликатеси на прославите.

Белите бајадери во последно време стануваат сè попопуларни, а рецептот за нив не е воопшто тежок.

Состојки:

Бел фил:

– 100 мл вода

– 200 грама шеќер

– едно пакување од 125 грама путер

– 200 грама млеко во прав

– 100 грама кокос

Темен фил:

– 200 мл вода

– 300 грама шеќер

– едно пакување од 125 грама путер

– околу половина килограм мелени бисквити

Подготовка:

За да го подготвите белиот фил, прво зовријте вода, шеќер и путер заедно. Кога ќе го тргнете тенџерето од шпорет, додајте го млекото во прав, добро измешајте, па додајте го кокосот.

Темниот фил е за долната кора. Сварете ја водата, шеќерот и путерот, а потоа додајте мелени бисквити.

Откако светлиот фил малку ќе се излади, сипете го врз темниот фил. Потоа, ставете ги бајадерите во фрижидер малку да се стегнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот