Рецепт од вештите раце на Бобе Јанкоска: Домашен ликер од јагоди

Фото; Приватна архива

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Фото: Приватна архива

Бобе денеска споделува еден интересен, освежителен рецепт – домашен ликер од јагоди.

„Интензивниот мирис и вкус на јагодите, му даваат на ликерот интересен и незаборавен шмек“, вели Бобе.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 500 грама јагоди (сечкани)
– 250 грама шеќер
– 5-6 каранфилчиња
– 0,5 литри вотка или ракија

Фото: Приватна архива

Начин на подготовка:

Јагодите прво исчистете ги, исечкајте ги, па ставете ги во тегла и тоа – ред јагоди, ред шеќер. Се додаваат и каранфилчињата, па се полни теглата со вотка (ракија).

Се затвора теглата и се остава на сонце да стои три недели. Теглата повремено се превртува по неколкупати, да се растопи шеќерот. Кога ќе помине определеното време, се процедува ликерот преку газа и се полни во шише.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот