Рецепт на Викторија Спенџарска Стин: Чоколаден мус од само 4 состојки

викторија спенџарска стин
Викторија Спенџарска Стин / Фото: Приватна архива

Викторија Спенџарска Стин е мајка на слатките Љубљана и Емона, активист во неколку невладини организации и поборник за здрав начин на живот.

Оваа прекрасна жена стои зад инстаграм-профилот @vegan_viki_, кој ќе ве освои од прва со шаренилото и веднаш ќе посакате да рекреирате некој од нејзините здрави рецепти.

Викторија Спенџарска Стин ни подготви енергетски топчиња со брусница и бадеми

Денес Викторија споделува рецепт за чоколаден мус од само 4 состојки.

„Тофуто е популарно по тоа што има многу неутрален вкус па лесно се вклопува и во солени и благи рецепти. За овој рецепт ќе ви требаат само неколку состојки и 5 минути да го направите и половина час вo фрижидер да се олади“, вели таа.

Потребни состојки:

– 1 блок тофу
– 2 лажици какао
– 3 лажици јаворов сируп или друг засладувач
– 2 лажици путер од бадеми
– овошје по желба за декорација

чоко мус
Фото: Приватна архива

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Оставете ја смесата барем половина час да се олади и сервирајте со овошје по желба. На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот