Мајсторски рецепт: Како да приготвите вкусен сутлијаш?

Foto: Marco Verch / Flickr

Сутлијашот е деликатес што ни буди спомени од детството и кое со задоволство го јадеме секогаш кога ќе се најде на трпезата.

Денеска ви предлагаме рецепт со кој ќе станете мајстор за приготвување сутлијаш.

Состојки:

– 1 шолја од 200 мл исчистен ориз
– 3 шолји од 200 мл млеко
– 3 чаши од 200 мл вода
– 6 лажици шеќер
– 1 лажица екстракт од ванила
– 1 лажиче путер

За украсување: цимет, мелени ореви или слатко по желба

Foto: Delo vkusa

Подготовка:

Во длабоко тенџере сипете ги водата и млекото и шеќерот. Загрејте ги на умерен оган за да се стопи шеќерот. Додајте го оризот и намалете го огнот на најтивко. Покријте го сутлијашот со капак и повремено мешајте со дрвена лажица (никако агресивно, треба само да го „раздвижите“). Варете околу 25 – 30 минути, додека оризот се згусне. Пред да го исклучите шпоретот, додајте го ванилиниот екстракт и лажиче путер. Нежно промешајте и покријте го сутлијашот со капак, оставајќи го малку да се излади.
Потоа сервирајте го во длабоки чинии што претходно сте ги натопиле со малку вода. Украсете со цимет, рендани ореви или со некое слатко по ваш избор.

Foto: Needpix

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот