Реал Мадрид планира да му ги земе најголемите ѕвезди на Тотенхем
Кристијан Ериксен одбива да потпише нов договор со Тотенхем и идното лето ќе биде слободен играч. Тој од јануари ќе може да преговара со заинтересираните екипи, а „Дејли мирор“ објави дека Данецот има има вербален договор со Реал Мадрид.
Препорачано
„Кралевите“ и изминатото лето се обидоа да го купат Ериксен, но претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, бараше дури 150 милиони евра како обесштетување што е премногу за фудбалер на кого му истекува договорот за една година. Кон крајот на преодниот рок, Леви ја намали цената на само 70 милиони евра, но во Реал Мадрид одлучија да чекаат и бесплатно да го добијат одличниот фудбалер за врска. На тврдењето на „Дејли мирор“ се надоврза радиото „Диарио АС“ кое потврди дека Ериксен има вербален договор со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој пак инсистира да потпише преддоговор.
Перез не планира да застане само на Ериксен, туку има намера да донесе уште две имиња од Тотенхем. Бидејќи враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид не ги донесе очекуваните резултати, се погласно се размислува за негова смена. Првиот избор на Перез за наследник на Зидан е токму тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино кој вчера јавно најави дека во брзо време планира да си замине од европскиот шампион.
Идното лето прва мета на „кралевите“ се очекува да биде англискиот репрезентативец Хари Кејн, за кого Леви летово бараше неверојатни 300 милиони евра. Перез се надева дека идната година, претседателот на Тотенхем ќе го намали обесштетувањето.


