Унаи Емери/фото: EPA-EFE/Leszek Szymanski

Реал Мадрид нов тренер најде во Премиер лигата?

Сезоната на Реал Мадрид досега со право може да се опише како вистински дебакл. Откако минатата година останаа без ниту еден голем трофеј, кризата продолжи и оваа сезона. „Кралевите“ беа елиминирани од Купот на кралот од второлигашот Албасете, кој се наоѓа на дното на табелата, во финалето на Суперкупот на Шпанија беа поразени од Барселона, а каталонскиот ривал има предност и во првенството.

Ниту Лигата на шампионите не донесе утеха. Со неверојатниот пораз од 4-2 на гостувањето кај Бенфика во последното коло од лигашкиот дел, Реал падна на деветтото место на табелата, што значи дека ќе мора да игра бараж за пласман во нокаут-фазата.

Пред две недели клубот му врачи отказ на Чаби Алонсо, а до крајот на сезоната тимот го презеде Алваро Арбелоа. Сепак, ниту под негово водство резултатите не се подобрија, па раководството веќе интензивно бара звучно тренерско име кое од лето би започнало нов проект.

Според информациите на инсајдерот Патрик Бергер, еден од главните кандидати е Унаи Емери.

„Потврдено е дека Унаи Емери е желба на Реал. Веќе е остварен контакт со него. Шпанецот работи одлична работа во Астон вила и токму тоа го импресионираше Реал“, открива Бергер.

Баскискиот стратег, кој има 54 години, е под договор со Астон Вила до летото 2029 година. Својата тренерска афирмација ја започна во Валенсија, а целосна афирмација доживеа во Севиља, со која од 2014 до 2016 година освои три титули во Лига Европа по ред. Потоа со ПСЖ ги освои сите домашни трофеи во Франција, а по краткиот престој во Арсенал, во 2020 година се врати во Шпанија и повторно ја освои Лига Европа, овојпат со Виљареал.

Пред нешто повеќе од три години ја презеде Астон Вила и од тим кој се бореше за опстанок, ја трансформираше во полуфиналист на Конференциската лига, четвртфиналист во Лигата на шампионите и екипа која оваа сезона се наоѓа во самиот врв на Лига Европа.

ВИДЕО: Голманот на Бенфика во 97-ма минута му даде гол на Реал Мадрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот