Реал Мадрид наскоро ќе претстави ново засилување

Зинедин Зидан и Флорентино Перез забрзано работат да го вратат Реал Мадрид на европскиот трон, засега официјално ангажираа две засилувања, Лука Јович и Еден Азар, а наскоро се очекува и трето ново име на „Сантијаго Бернабеу“. Официјалната потврда за новото засилување се очекува во наредните 48 часа, а станува збор за дефанзивецот на Олимпик Лион, Ферлан Менди.

Францускиот тим не сакаше да попушти и инсистираше на 50 милиони евра обесштетување но на крајот ќе добијат 45 милиони евра но и дополнителни бонуси во зависност од настапите на фудбалерот и на самиот клуб.
За да се официјализира трансферот, се чекаат докторите на Реал Мадрид да дадат зелено светло. На последниот лекарски преглед кој беше направен во Турција во пресрет на квалификацискиот дуел на Франција против Турција,

Менди имаше проблеми со колкот но докторскиот тим на Реал Мадрид е уверен дека повредата набрзо ќе биде санирана и дефанзивецот во наредните 48 часа, и официјално ќе биде претставен како трето засилување на клубот во преодниот рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот