EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Реал ја користи кризата кај „граѓаните“, го краде најдобриот играч

Шпанскиот тим планира на лето да тргне со сите сили по потписот со Рахим Стерлинг, пишува „Сан“.

Реал Мадрид и во минатото пројавуваше сериозен интерес за англискиот репрезентативец, но казната од УЕФА за Манчестер сити, му даде крилја на „кралскиот“ клуб.

Според Трансфермаркт, Рахим Стерлинг е проценет на 160 милиони евра, а „Сан“ пишува дека во Реал Мадрид се убедени со исфрлањето од Лигата на шампионите во следните две години ќе го натера Манчестер сити да одлучи да го продаде еден од своите најдобри играчи за да ги намали трошоците.

„Сан“ исто така пишува дека Стерлинг има договор со Манчестер сити со кој заработува 360.000 евра неделно и дека кон крајот на минатата година започнаа преговори за зголемување на платата за 50 проценти.

Но, со евентуалната казна од УЕФА, Сити ќе остане без најмалку 170 милиони евра и можно е преговите да запрат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот