Разочарувачки изборни резултати
Од психолошка и комуникациска гледна точка, пораките на оваа партија на предизборните плакати беа: „единствени на ваша страна“ и ги комуницираа потребите на граѓаните, дека некој ги слуша и ќе им ги задоволи антиимигрантските потреби. Што е популизам, но очигледно огромен дел од гласачите се на тоа ниво на зрелост. И тука е разочарувањето.
Очекувано и разочарувачки. Крајната десница освои најмногу гласови во Австрија на денешните избори.
Зошто очекувано? Анкетите долго време покажуваат тренд на раст на популарноста на оваа партија на која централната точка и е антиимигрантска политика.
Дополнително, од психолошка и комуникациска гледна точка, пораките на оваа партија на предизборните плакати беа: „единствени на ваша страна“ и ги комуницираа потребите на граѓаните, дека некој ги слуша и ќе им ги задоволи антиимигрантските потреби. Што е популизам, но очигледно огромен дел од гласачите се на тоа ниво на зрелост. И тука е разочарувањето.
Пораката на социјалистите беше „Демократијата бара искуство и одговорност“. Порака што комуницира дека демократијата е заедничка вредност и потреба. Што очигледно не е, бидејќи според гласовите се на трета позиција. Народната партија комуницираше само личности и на плакатите го немаше ни логото, очигледно во обид да се заборави Курц, што не се покажа лоша стратегија бидејќи се на второ место според гласови. Зелените истапија со слоган „Разум и доверба“ што комуницира кредибилитет, но клучната тема „Клима или криза“ очигледно не ги искомуницирала потребите на доволен број гласачи бидејќи неолибералите ги истиснаа на петто место. Заклучокот е дека ова е отприлика победа на ксенофобијата иако да се надеваме дека екстремната десница нема да успее да направи влада.
П.С. Имаше поплави пред три недели и штетите ќе се санираат долго. Ова наметнува дека климатските промени и тоа како се тема. Но, очигледно поневажна од тоа да си одат мигрантите. И тоа не сите мигранти, бидејќи екстремната десница, на пример, ги сака Балканците. Но, тоа е друга тема.
(Авторката е советник за личен развој и лидерство)
ЈАЗИКОТ НА КОЈ СЕ НАПИШАНИ, КАКО И СТАВОВИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО КОЛУМНИТЕ, НЕ СЕ СЕКОГАШ ОДРАЗ НА УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“