Фото: илустрација / Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Разбојници ограбиле момче од Скопје, избегале со неговиот велосипед

Двајца дрски разбојници вчеравечер пресретнале дете од Скопје и со закана со нож му го украле велосипедот, соопшти МВР.

Разбојништвото го пријавил таткото на детето.

„На 29.12.2025 во 20:50 часот во СВР Скопје, К.С.(44) од Скопје пријави дека околу 17:50 часот на подрачјето на Центар во Скопје, две лица со закана од остар предмет, на неговиот малолетен син му го одзеле велосипедот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот