Распродадени летовите од Москва кон Србија и Турција по објавата на воената мобилизација во Русија

Фото: EPA/EFE / MAXIM SHIPENKOV

Неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи делумна воена мобилизација на населението за војната во Украина, речиси и да нема слободни места на летовите од Москва до Белград или Истанбул барем до следната недела, а и тогаш, билетите во еден правец чинат над 2.000 евра, пишува БИРН.

Србија и Турција се единствените европски земји кон кои има летови од Русија.

Путин во своето обраќање до нацијата денеска рече дека планира да испрати околу 300.000 нови војници во Украина, кои ќе бидат од редовите на военоспособното население.

Според веб-страницата на „Ер Србија“, првиот достапен лет од Москва е на 9 октомври, а билет во еден правец чини околу 800 евра.

Иако веб-страницата на Ер Србија покажува „нема летови“ во следните две недели, сајтот на аеродромот Никола Тесла покажа еден лет планиран за среда наутро, додека FlightRadar, глобалниот сервис за следење летови, покажува најмалку седум летови достапни до крајот на септември.

Слична е ситуацијата и со другите превозници кои летаат од Москва. До моментот на објавување, првиот достапен лет на „Туркиш ерлајнс“ од Москва беше на 27 септември и чинеше околу 2.300 евра. Има некои места до Истанбул за околу 2.800 евра, но само во економска класа, во еден правец, пишува БИРН, напоменувајќи дека сите овие информации брзо се менуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот