Раскинат договорот со Канкараш, Металург наскоро со нов бек

Фото: rkmetalurg.mk

Металург и црногорскиот пикер Бранко Канкараш спогодбено го раскинаа договорот, со што му се даде можност на овој играч да замине во клуб заинтересиран за него, надвор од Македонија.

Овој прекин на соработката доаѓа како резултат на лимитираниот број на странци во македонското првенство, поради што Канкараш средбите ги мина на трибините.

– Донесовме заедничка одлука со Канкараш дека е најдобро сезоната да ја доигра во клуб од кој што и играчот, а и ние добивме одлична понуда. Лимитираноста во бројот на странци кои можат да настапуваат во домашно првенство беше причината Бранко да ги проследи натпреварите од трибини, што за играч од негов ранг е неприфатливо.

Од друга страна РК Металург има двајца македонски играчи на таа позиција. Со оглед на тоа дека ништо нема да се промени во вториот дел од сезоната, донесовме заедничка одлука сезоната да ја доигра во друг клуб, со можност за враќање во Металург во наредната сезона, но со понаков играчки кадар за да може согласно правилото за странци да се извлече максимумот од секој играч во поглед на минутажата.

Во наредниот период Металург ќе ја засили бековската линија, а оставам и можност за трет голман – изјави претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот