Раси на кучиња идеални за интроверти: Уживаат да седат во своите домови

Фото: Pexels

По навика мачките ги сметаме за домашни миленици кои ги чуваме во домот, а кучињата надвор во дворовите. Овие крзнени миленици се индивидуи исто како нас, но има некои општи карактеристики на одредени раси кои ни кажуваат дека некои од нив претпочитаат да поминуваат време внатре отколку надвор, пишува „Пјурвау“.

Кога станува збор за кучиња, постојат раси на кои им е потребен помалку простор за да ја трошат својата енергија и генерално повеќе го ценат тоа што се чуваат во затворени простории. Тоа не значи дека воопшто не им треба внимание и грижа, туку дека во целина ќе бидат малку посмирени од другите кучиња.

Тие сепак ќе сакаат да одат на прошетка и не мора да се препорачуваат само за луѓе кои живеат во згради, но дефинитивно ќе уживаат да ви прават друштво додека ја гледате омилената серија.

Басет

Басет / Фото: Pexel / Patience Garton

Најмногу им одговара да бидат во затворени простории и да се  без премногу обврски. Задолжително е барем едно излегување на прошетка, во кое секако ќе ужива, но по враќањето дома со задоволство ќе ја продолжи дремката.

Булдог

Булдог / Фото: Pexels / Creative Workshop

Потребна им е физичка активност за да немаат проблеми со вишокот килограми, но со ова не треба да се претерува. Знаат да бидат чувствителни на долго изложување на сонце и претерано високи температури, но најмногу сакаат да се излежуваат во сопствениот простор.

Кавалер Кинг Чарлс шпаниел

Кавалер Кинг Чарлс шпаниел / Фото: Pexels / Steshka Willems

Тие се една од најприлагодливите раси на кучиња, кои сакаат да си играат со децата на отворено, но и со часови да одмараат под покривката на каучот. Нивните навики ќе зависат од вашите и ќе ги следат активностите на вашето семејство.

Чивава

Чивава / Фото: Pexels / Goochie Poochie Grooming

Ќе ве придружуваат на секој чекор додека сте во вашиот дом. Со задоволство излегуваат на кратки прошетки, но не им треба многу активност и вежбање. Одговараат на луѓето кои живеат во станови поради нивната големина, но прилагодувањето сепак зависи од вас.

Чау чау

Чау чау / Фото: pexels /
Lemuel

Да, тие се малку поголема раса, но не сакаат премногу да се движат и да комуницираат со непознати луѓе и кучиња. Најубаво им е со семејството на кое најчесто се исклучително посветени, а во многу навики потсетуваат на мачки.

Котон де Тулеар

Котон де Тулеар / Фото: Pexels/ Archibald Marajas

Нежни, меки и неодоливи, вака накратко би можеле да се опишат овие кучиња. Тие се активни и сакаат да играат, но сите нивни потреби можат да се задоволат во домот. Единствено важно е да им набавите многу играчки за да не им биде здодевно.

Малтешка пудлица

Малтешка пудлица / Фото: Pexels / Carolina Navarro Loayza

Оваа раса на кучиња се прилагодливи на вашиот животен стил и се идеални за мали домови. Ќе уживаат да ви прават друштво во домот, што и да правите во моментот, а ќе ви бидат благодарни за секој момент на внимание.

Мопс

Фото: Pexels

Потребно им е многу вежбање за да останат во форма, но не премногу, за да не се изнемоштат. Тие се една од најпопуларните урбани раси поради нивната приспособливост, но и нивната посветеност на семејството и домот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот