Рашков: Претходната влада на изборите сакаше да донесе 15 илјади Македонци со бугарско државјанство

Бојко Рашков/ Фото: Архива на Слободен пречат

Во Бугарија денеска е почната специјална полициска акција, што ќе трае до денот на изборите, најави техничкиот министер за внатрешни работи, Бојко Рашков. Тој денеска најави дека поранешен бугарски министер за внатрешни работи и поранешен регионален гувернер се состанале во Ќустендил за да разговараат за тоа како да привлечат 15.000 Македонци со бугарско државјанство да гласаат во Бугарија.

-Ова е еден од случаите за купување гласови, на кој работи МВР, најави в.д. министерот за внатрешни работи Бојко Рашков на прес-конференција.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на она што го изјави бугарскиот министер Рашков, имало и други информации за „изборен туризам” во регионот на Благоевград, како и контрола од страна на лихварите во регионот Карнобат, па дури и лажни апликации за гласање во Германија.

Поранешниот гувернер на округот е хоспитализиран.

-Тој е болен за работа, но не е болен за таков собир, каде разговарале за прашањето како да привлечат 15.000 Македонци со бугарско државјанство за да гласаат во нашата земја. Повторувам – поранешен министер за внатрешни работи, искоментира министерот Рашков.

Според актуелниот бугарски министер за внатрешни работи, полицијата има податоци дека во многу населени места се планира да се концентрираат голем број бугарски граѓани на истата адреса во деновите пред изборите.

-Одржан е состанок и разговори со регионалниот гувернер на Благоевград, каде во едно село во округот илјадници граѓани, кои се регистрирани таму, одеднаш се појавија на истата адреса, рече Рашков.

Оваа изборна техника се очекува да се спровде и во други области.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот