Раперот Тајга е уапсен – неговата девојка објави вознемирувачки фотографии

Раперот Тајга е уапсен поради тешко семејно насилство, а одредена му е и кауција во износ од 50.000 долари.

Неговата девојка Камарин го обвини дека агресивно ја нападнал за време на расправија во неговата куќа. Раперот доброволно се предал на полицијата, откако неговата поранешна девојка објави фотографии на Инстаграм од наводните повреди што тој ги нанел.

Камарин Свансон/Фото: Printscreen/Instagram

„Толку ми е непријатно и срам ми е што дојде до сево ова, но морам да се грижам за себе“ – напиша таа.

Според ТМЗ, извор близок на Тајга, Свансон дошла кај него видно вознемирена и имале жестока расправија пред неговиот дом. Според членовите на семејството на Тајга,  кавгата ескалирала кога тој наводно ја удрил и ѝ нанел модринки по лицето и телото. По инцидентот, нејзината мајка дошла по неа, а Камарин повикала полиција да го пријави случајот. Информацијата за уапсениот рапер ја пренесе полицијата во Лос Анџелес, на својот твитер профил.

тајга
Фото: Тајга и неговиот адвокат по пријавата / Извор: Профимедиа

„Бев емотивно, психички и физички злоставувана и не сакам повеќе да кријам“ – напиша под фотографијата која ја објави на Инстаграм.

Тајга и Камарин наводно почнале да се забавуваат во почетокот на 2021, а официјално станаа пар во март. Свансон е Инстаграм модел.

Тајга и Свансон- Фото: Printscreen/Youtube

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот